Компанијата Нутривет дооел – Скопје е формирана 2003 година со основна цел за собирање, откуп, селекција на отпадна хартија и достава на истата до компаниите кои се бават со производство на хартија од рециклирана хартија како суровина. Вакви компании за жал во нашата земја моментално немаме и затоа оваа хартија ја извезуваме, поради економичност во транспортот, во земји од блиското опкружување како Словенија, Србија, Грција, Унгарија. Исто така вршиме откуп на отпадна хартија од соседните земји како Албанија, Бугарија, Косово и истата преку ре-експорт ја извезуваме. Отпадната хартија ја извезуваме во следниве компании:

- Vipap Videm Krsko – Slovenija
- Umka – Srbija
- MEL – Grcija
- Hamburger Recycling Group GmbH - Avstrija

Прв сектор во компанијата е собирање на отпадната хартија во Македонија. За таа цел преку соработка со претпријатијата кои прават хартиен отпад од пакување, со комуналните претпријатија и отпадите, како и со печатниците речиси во сите градови од Македонија успеваме да собереме 10 000 тони хартија на годишно ниво.

Најголема активност имаме во Скопје. Соработуваме со сите поголеми маркети и претпријатија како Веро, Рамстор, Сити Мол, Кам Маркет, Пивара Скопје, Алкалоид и многу други. Системот на собирање се одвива претежно преку контејнери поставени во претпријатијата кои со специјални возила се подигаат и се носат на нашите плацеви во Бутел и Лепенец каде хартијата се селектира и балира. На истите плацеви се врши и откуп на отпадна хартија од физички и правни лица. Фирмата Нутривет ги поседува сите потребни лиценци за работа со отпадна хартија и тоа за селекција и складирање, за трговија, за транспорт и за извоз на истата.

За подигање на еколошката свест кај граѓаните и пред се кај најмладите, децата, за собирање на старата хартија вклучени сме во проекти организирани од фирмата Пакомак, која е првото лиценцирано од државата друштво за управување со пакување и отпад од пакување. Поставени се многу собирни станици за хартија пред се во училиштата и преку организирани акции на најмладите им се всадува и објаснува неопходноста за заштита на околината и природата.
 Ветеринарниот дел каде што вршиме увоз и дистрибуција на ветеринарни препарати од фирмите, Норброок - северна Ирска, Голашфарма- Бугарија,

ЦЗВетеринариа – Шпанија.